Monday, November 25, 2013

              АЗБУЧНИК

Ајде да направиме една паралела помеѓу
Бројот на создадени и несоздадени убавини
Во еден редослед без многу нерамнини.
Го земам како пример Бајкалското Езеро
Добро, ќе речеме дека е несоздаден 
Ѓердан од многу капки вода
Еднаш мислеа дека светот еволуира
Животот дегенрира, ама тоа порано беше така, само
Затоа што му веруваа на Дарвин дека човекот е
Ѕвер од мајмун, и дека настанал од една амеба, тогаш
Испаѓа дека и јас и ти сме мајмуни припитомени 
Јас мајмун? Дарвин сигурно бил пијан
Кога се осмелил мене да ме направи потомок на животно
Луд бил штом до таква лудост нѐ свлечкал.
Љубезен ќе бидам, со него нема да ве давам
Мора да нагласам дека јас само убавото го славам
Никако она што наликува на грубост како
Њу Јорк, едно создадено чудо 
Осамено што му лежи во прегратките на океанот
Па зошто е осамен тој огромен град?
Распространет до кајшто не гледам ни јас
Само понекогаш братот може да ни си го препознае својот брат
Таков е тој голем град и таа крепост
Ќе ја наречам тврдина од камени срца и ќе
Уфрлам збор два дека сепак е редок
Формата и големината како жива во термометар
Хаотично му скока горе-долу.
Цртата ќе ја повлечам тука , крај е ова на нашите средби
Часот по компаративна анализа заврши како недокажана борба
Џабе ние правиме споредби 
Што е создадена и несоздадена творба.




ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ВСЕЛЕНАТА


Постои едно СЀ
што знае сѐ  и содржи сѐ,
и кога ќе рече не
растура,
кога ќе рече да
собира,
кога ќе заповеда
се извршува.
И пред Него и зад Него

како во вакуум стои вечност.



АКАТИСТ  НА  ЃАВОЛОТ



Во три по полноќ се собраа сите отпаднати
со темнина и пофалби да го прослават господарот свој
победата да ја прогласат над непобедените.
И од долу гласови пееа, земни, човечки
заедно со нив и небото и земјата му восликнуваа :

Радувај се што душите ти ги предадовме
Радувај се што не одвраќаш од светлината
што  ни ја одземаш силата,
што ни ја ускратуваш воздишката,
што ни ја поматуваш свестста
и ни ги збркуваш мислите
Радувај се што со злото владееш
Радувај се за слепилото наше
за гневот, за немоќта наша да ти се спротивставиме,
радувај се што не зароби,
што не имаш во дланките паднати,
што не владееш , што ти се покоривме
Радувај се што си завидуваме кој побрзо
до тебе ќе стигне, кој ќе те прослави,
и кој вољата твоја ќе ја исполни.
Радувај се што ние твоите слуги
твоето име го признаваме.

А од другата страна пее без престан
хорот на светлината и правдата:

Радувај се што ќе бидеш поразен! 

No comments:

Post a Comment