Tuesday, April 30, 2013

НЕ ГЛЕДАЈ ВО СОНЦЕТО 2013


ШТО ПРАВАТ ОНИЕ ШТО НЕ СПИЈАТ ПО ПОЛНОЌ

Тие што остануваат будни
со расипан сон и збркани мисли
ја отвораат втората пакета цигари
грицкаат нокти,
димот им шета низ собата како пајажина.
Самец, лежи на троседот
и чека да почнат првите порничи,
со чаша виски и три коцки мраз.

Осамените го гасат светлото,
а од клепките мироточат поплава во својата перница.
Ако се старци веќе се во втората фаза од сонот
и сонуваат безболно умирање и најсвечен погреб.
Ако се двајца се дразнат еден од друг 
се влажнат  со течноста на телата кои меѓусебно си ги предаваат.
Се удираат во креветот  ритмички,
со сила пропорционална на надворешниот  воздушен притисок.
Пијаниците ја пијат последната чаша и 
ги навалуваат главите  над масата.
Заљубените прават обид за дете.

No comments:

Post a Comment