Tuesday, April 30, 2013

НЕ ГЛЕДАЈ ВО СОНЦЕТО 2013


ШТО ПРАВАТ ОНИЕ ШТО НЕ СПИЈАТ ПО ПОЛНОЌ

Тие што остануваат будни
со расипан сон и збркани мисли
ја отвораат втората пакета цигари
грицкаат нокти,
димот им шета низ собата како пајажина.
Самец, лежи на троседот
и чека да почнат првите порничи,
со чаша виски и три коцки мраз.

Осамените го гасат светлото,
а од клепките мироточат поплава во својата перница.
Ако се старци веќе се во втората фаза од сонот
и сонуваат безболно умирање и најсвечен погреб.
Ако се двајца се дразнат еден од друг 
се влажнат  со течноста на телата кои меѓусебно си ги предаваат.
Се удираат во креветот  ритмички,
со сила пропорционална на надворешниот  воздушен притисок.
Пијаниците ја пијат последната чаша и 
ги навалуваат главите  над масата.
Заљубените прават обид за дете.

Tuesday, April 16, 2013

НЕ ГЛЕДАЈ ВО СОНЦЕТО (2013) DON`T LOOK AT THE SUN (2013)

ВТОРОТО НЕГОВО ДОАЃАЊЕ 

Три светлини, три сонца 
три множества љубов.
Од силата твоја, 
водите што ти дотекуваат во погледот
ја губат својата влажност. 
Во тебе стареат езерата,
на рамената ти одмаараат реките,
светот во дланките ти почива.
Тебе ти се поклонуваат и трвките,
и ветрот дува по твоја заповед
и брановите ти воскликнуваат.
Дрвјата ти се покоруваат.

Морињата под нозете ти се отвараат,
огнот плачи над својата немоќ.
Подалеку од овде не може,
на врвот сме и нема каде натаму.




ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА ЕДЕН ИЗМОРЕН СВЕТ

Поминуваме низ едни до сега барем
неслушнати , невидени и неоткриени предели
а во грлото голтка сува вода,
една планина исправена надолу
едно дрво накривено нагоре
едни луѓе, седат во круг
а сигурен сум дека не знаат
оти апокалипсата ќе започне од овде
и затоа се толку спокојни.





БЕЗИЗЛЕЗ ИЛИ ПОГРЕШНО ВРТЕЊЕ НА ЛЕВО

Понекогаш, не секогаш
ама многу често,
стојам како закован, како молец
како без нозе, како без свет,
без свест,
како прелажан , како измамен
како отсутен , како изморен
помалку натажен , повеќе збунет
со прекрстени раце, зачуден,
со отворена уста
како пред причест
кога знам дека ја пијам својата осуда.





КАЈ ШТО ЗАВРШУВА СЀ ШТО НЕКОГАШ ПОЧНАЛО

Смислувам зборови како
да ти кажам дека
не важи она што поминало,
дека сѐ подлежи на заборавот
и сѐ е минливо колку и времето,
дека ништо не осанува
а и тоа што ќе остане ќе биде избришано.
Дека тоа е само едно ништо
едно нешто
што се заборава.
Како да најдам збор
прикладен,
точен, прецизен,
што ќе го разбереш
како да ти кажам,
како да дојдам до КРАЈ.




ПОД НАЛЕТОТ НА БРАНОТ ОД СЕВЕР

Оние што не умеат да си ја задржат ведрината на лицето
први паднаа под налетот на бранот.
А бранот носи, ги носи и тие што
не можат да се спротивстават на моќните води,
ги расфрла слабите, ги удира очајните.

Но ние на нашиот брег успевме да направиме брана
од високи насмевки, од многу радост, од кал,
од камења, од исушени спомени,
од заборавени љубови, од избришани мислења
и сопствените возбудени издишувања
го утврдиме да бидат наша одбрана и отпор на лошите води.

И надојдоа бранови, удираа по карпите,
по нас, по нашите сонови,
и четири ноќи останавме неспани.
А нашата тврдина остана недопрена.