Wednesday, March 21, 2012

2) Михајло Свидерски / Mihajlo Sviderski





ДОБРО УТРО 


Влези ми преку прозор со ветрот,
Измолкни ми се под креветот ,
Помилувај ме ,
Разбуди ме , направи ми доручек од бакнежи 
за добро утро ,
изџвакај ме , голтни ме , облажи се од мене.
Притисни ме , оттргни ме , прегрни ме .
Диши за да ми го прочистиш  воздухот во собата.
Наполни ми ја чашата со  кафе,
Запали ми ја првата цигара ,
Искашлај се наместо мене .
 отвори ми ги очите ,,
погледни ме , добро утро љубов ,
добро утро будилке на мојот сон .



   секаде каде затануваш ти – јас продолжувам сам избезумен

Ми застана на работ од ноктите,
Во грлото ми попречи залак љубов,
На врвот од тревките се прикачи ,
На излезот од сонот остана,
На зајдисонце ја остави товјата насмевка
Широко отворена уста
 како празнина Меѓу сите љубовници,
како простор оставен за да ја изврши
својата единствена задача – да развдои .
Секаде каде застануваш ти – јас продолжувам сам избезумен .
Никаде не стигнувам пред тебе .
Никогаш поблиску од тебе. 


БРАНОВИ



Брановите шумови кои зборуваат
удираат , се преклопуваат , разголуваат
со една полна уста насмевки
на брегот му се иссмејуваат.

Брановите се соединуваат , се разделуваат
повлекуваат и ги растревожуваат фобичните капачи .

Брановите брегот го распенуваат
гласно водата ја озборуваат
ме пробудуваат
и јас почнувам со нив да лебдам.




                                                  ИСКУСТВО 

Минатото е како научена грешка
која постојано човекот го гони.
Минатото е искуство.
Тоа е дел од нашите неуспешни проби.
До кога ќе собираме искуства,
а знаеме дека сме смртни?
До смртта.
Зошто грешките низ животот се вртат?
До кога?
До смртта.


                                 
                                ЗБОРОВИ


Зборовите се создаваат
се доживуваат и потсеќаат
од зборовите се учи
зборовите се осеќаат.

Зборовите се крадат од други јазици
се превртуваат, се позејмуваат
зборовите едноставно се забораваат
или зелосно се изболичуваат.

Со зборовите се живее
постојано нови се измислуваат
Зборовите се применуваат и исчеззнуваат
со разни други се заменуваат.

Зборовите се создаваат и уништуваат
се раѓаат и умираат
исто како луѓето.




Михајло Свидерски / Mihajlo Sviderski

ПАТ

Ти пред мене
јас зад тебе
како во круг фатени.
Никој сме и ништо,
одземените права не ни се вратени.
Чекориме по непознати патеки сами,
Јас, Ти и ноќта,
 двајцата што не измами. 
ГОЛОТИЈА

Гола кожа
Голи раце
Голо тело
Гол стомак.
Јас и ти голи
На мракот
се сончаме
на далечина
невидлива
со голо око. 


                  РАСТРГНАТИ МИСЛИ

Мириса на непроветрен воздух
некако неудобно се чувствувам,
а згора на тоа
и ти ми ги стеснуваш мислите.
Гледам пет различни отворања на цветот.
Таму ти исправена на дождот
и уште јас роден во твојата солза.